|
|
| МАКЕДОНСКА КУЛТУРА ВО ТАЛИН, ЕСТОНИЈА Настани надвор : (Вечер, 09.03.2010) - Во Талин, Естонија, државниот секретар во Министерството за култура, Дарко Стефановски деновиве ќе ги претстави програмските содржини со кои е предвидено Република Македонија да се претстави на манифестацијата "Талин - престолнина на културата за 2011 година". -> повеќе ... | |
|
| | ВО АЛБАНСКИОТ ТЕАТАР СКОПЈЕ ПРЕТСТАВА ЗА ОТУЃЕНОСТА НА МЛАДИТЕ Театар : (МИА, 09.03.2010) - Во Албанскиот театар - Скопје од денеска на репертоарот е претставата „www.норвешка.денес.com.mk“ по текст на Игор Бауершима и во режија на Зоја Бузалкова. Текстот на Бауершима „Норвешка денес“ е преведен на дваесетина јазици и е поставен на стотина театарски сцени во светот.
Со режисерскиот концепт на Бузалкова кон ова дело и со играта на актерите Амернис Нокшиќи-Јовановска и Фисник Зеќири е создадена современа претстава... -> повеќе ... |
|
| ДНЕВЕН КУЛТУРЕН ВОДИЧ 09 МАРТ, ВТОРНИК Настани : МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР
„Сомнително лице“, режија: Синиша Ефтимов – 20 ч.
МАКЕДОНСКА ОПЕРА И БАЛЕТ
„Доктор Офболи“, балет – 12, 14 ч.
„Рита“, опера – 20 ч.
ДРАМСКИ ТЕАТАР
„Догодина во исто време“ - 19 ч.
„Филип II“, монодрама на Петар Темелковски – 20 ч. -> повеќе ... |
|
| ПРОМОЦИЈА НА „ЕКВИЛИБРИУМ“ ОД СТОЈМЕНСКА -ЕЛЗЕСЕР Литература : (Дневник, 09.03.2010) - Во книжарницата на издаваштвото „Феникс“, денеска во 12 часот, ќе биде промовирана „Еквилибриум“, нова книга од Соња Стојменска-Елзесер. Делото е објавено во издание на Институтот за македонска литература, а за книгата и за авторката ќе зборуваат Александар Прокопиев, Христо Петрески и Владо Ефтимов. Фрагменти од делото ќе чита актерот Едмонд Сотир.
Стојменска-Елзесер е предавач на постдипломските студии на Институтот за македонска литература. -> повеќе ... | |
|
| | БИТОЛА - СЕ ПОДГОТВУВААТ ДВЕ ПРЕМИЕРИ Театар : (Вечер, 08.03.2010) - Ансамблот на Народниот театар-Битола подготвува две премиерни претстави. Покрај комедијата "Покојник" од Бранислав Нушиќ, во режија на Љупчо Георгиевски, се подготвува уште и претставата "Слугински" по текст на Жан Жене. -> повеќе ... |
|
| ПО ПОВОД 8. МАРТ - ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИТЕ ПРАВА Фестивали : (Вечер, 08.03.2010) - По повод празникот на жената во Скопје се одржува фестивал организиран од УНИФЕМ, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Институтот за родови студии на Филозофскиот факултет од Универзитет "Св. Кирил и Методиј", во рамките на кој беа прикажани филмови на женски теми, а се одржаа и трибини посветени на теми поврзани со женските права. -> повеќе ... | | Девојчето и нејзината хармоника |
|
|
| | МЛАДИ УМЕТНИЦИ ЌЕ СЛИКААТ ВО МАЈАМИ Изложби надвор : (Утрински весник, 08.03.2010) - Младите ликовни уметници Иван Трајчев, Бисера Крцковска, Филип Велковски, Никола Анѓелкоски, Никола Радуловиќ и Јордан Кицовски кои се претставија на групната изложба „Ars versus argumentum“ во Културно-информативниот центар во Скопје, годинава ќе сликаат и изложуваат во Бејкхаус арт комплексот во Винвуд, Мајами... -> повеќе ... |
|
| | МАЏИРОВ ВО ВАЛЕНСИЈА Настани надвор : (Вечер, 05.03.2010) - По учеството на поетскиот фестивал во Никарагва, нашиот поет Никола Маџиров е гостин на Меѓународниот поетски фестивал кој за првпат се одржува во шпанскиот град Валенсија.
На фестивалот учествуваат десетина поети од Шпанија, Португалија, Франција, Шведска, Холандија... Освен на македонски, песните на Никола Маџиров ќе се читаат на шпански и каталонски јазик. Главното читање ќе се одржи денеска, на јубилејот од смртта на големиот поет од Валенсија, Аусиас Марк, кој живеел и творел во 15 век.
|
|
| ТВОРЕЧКИОТ ОПУС НА БЛАГОЈА НИКОЛОВСКИ ВО „АРТ КУЈНА“ Визуелни уметности : (Дневник, 09.03.2010) - Во неодамна отворената галерија и школа за цртање и сликање „Арт кујна“ во Градскиот трговски центар, вечерва во 20 часот, ќе биде отворена изложба на дела од Благоја Николовски работени во периодот од 1979 до 2007 година. Сликарот Владимир Георгиевски за Николовски ќе рече дека сето негово сликарство е едно огромно распетие предодредено да воскресне низ апсурдната самотија, разбрана како повисока категорија на човековите творечки можности. -> повеќе ... | |
|
| | ИЗЛОЖБА ВО МУЗЕЈ НА ГРАД СКОПЈЕ - МУСКЕТАРИ ВО ЛИТОГРАФИИТЕ НА САНЕВ Визуелни уметности : (Вест, 08.03.2010) - Невообичаени портрети направени од отпечатоците на прстите на блиски личности од авторот се изложени во Музејот на град Скопје во изложбата на литографии од графичарот Христијан Санев, кој живее и работи во Париз. "Тоа се литографии создадени од отпечатоците од прстите на личности кои ме опкружуваат последниве 3 години во Париз. Покрај нив има и неколку како 'Македонска крвава свадба' или 'Три бои: сино, бело, црвено' инспирирани од филмот на Кишловски... -> повеќе ... |
|
| | ОСУМ СЛИКАРКИ СЛИКАА ЗА 8 MАРТ ВО ПРИЛЕП Визуелни уметности : (Дневник, 05.03.2010) - Осум уметнички од Прилеп ги зедоа четките и боите в раце да го одбележат празникот Осми март со брзо создавање на шеснаесет уметнички дела.
Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ сликаа Лепа Милошевска, Марија Стојаноска, Анита Сотировска, Маја Најдоска, Емилија Ѓорѓијоска, Александра Богоеска, Софија Грабулоска и Бети Макеска. Насликаните дела ќе бидат изложени во Ликовниот салон, а потоа ќе се донираат за хуманитарни цели.
|
|
| ЖЕНАТА СИМБОЛ И ИНСПИРАЦИЈА Визуелни уметности : (Вечер, 05.03.2010) - Вечерва во просториите на Домот на култура Кочо Рацин (галерија КО-РА) - објект Дом на градежници во Скопје, во 20 часот, по 20-ти пат ќе се одржи манифестацијата Жената симбол и инспирација. Автор на перформансот е поетот Горан Анчевски, а со свои дела ќе се претстави скулпторката м-р Анета Божиновска. Монолог ќе има актерката Марина Поп Панкова и дипломец на Музичката академија во Скопје со гитарски композиции.
| |
|
| | ИЗЛОЖБА НА КАРИКАТУРИ НА ЃОРЃИ ЦВЕТКОВСКИ - АРАП Визуелни уметности : (www.culture.in.mk, 04.03.2010) - Утре со почеток во 19,30 часот, во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура “ Трајко Прокопиев “ - Куманово ќе биде отворена изложба на карикатури насловена како “ Батко Ѓорѓија и еротиката“ на авторот Ѓорѓи Цветковски Арап.
Ѓорѓи Цветковски - Арап е роден во Куманово. Дипломирал физика на ПМФ во Скопје.
Со сликарство се занимава од 1971 г. Во јавноста е познат како автор кој своето ликовно творештво го изразува со веќе препознатлив ракопис во повеќе ликовни техники. -> повеќе ... |
|
| ЛЕГИЈА ВО КИНО МИЛЕНИУМ Филм : (Вечер, 06.03.2010) - Филмот "Легија" на режисерот Скот Стјуарт е новиот филм во кино "Милениум". Преку главните улоги на Пол Бетани и Денис Квејд е раскажана приказната за легијата ангели кои Бог ги праќа на земјата, откако ја губи вербата во човечката раса. -> повеќе ... | |
|
| | СЕДУМ ГОДИНИ НА САЈТОТ www.culture.in.mk Настани : (www.culture.in.mk, 11.07.2008) - Утре, на 12 јули 2008 година ќе биде одбележена седмата годишница од пуштањето во македонскиот електронски простор на сајтот www.culture.in.mk.
Во последната година сајтот www.culture.in.mk доживеа посебна експанзија со објавени над 5000 информации, односно има вкупната архива од над 25000 информации. -> повеќе ... |
|

|
|
|