Проект на Министерство за култура и Светска банка
  
 
 Почеток : Визуелни уметности 

ЕДНО ПОИНАКВО СКОПЈЕ НАВЕЧЕР ОД ЅВОНКО ПЛАВЕВСКИ
Визуелни уметности : 

(Вечер, 07.09.2010) - Првата самостојна изложба на фотографии од Ѕвонко Плавевски, фоторепортер во весникот ВЕЧЕР, ќе се отвори в четврток (20:30 ч.) во Музеј на Град Скопје.
-> повеќе ...

РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА МИЛЕНА ПАВЛОВИЌ-БАРИЛИ
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 03.09.2010) - Во понеделник, во 21.00 часот, во Националната галерија на Македонија, објектот Даут пашин амам, ќе се отвори гостувачката ретроспективна изложба на Милена Павловиќ-Барили под наслов „По ѕвездената трага“ (1926-1945). Милена Павловиќ-Барили (Пожаревац 1909 - Њујорк 1945) е личност без преседан во српската и европската модерна уметност.
-> повеќе ...

СЕПТЕМРИСКА ИЗЛОЖБА НА УЧЕСНИЦИТЕ НА „МАЛ БИТОЛСКИ МОНМАРТР“
Визуелни уметности : 

(Утрински весник, 03.09.2010) - Во културниот центар „Магаза“ во Битола утре со почеток во 20 часот ќе биде отворена традиционалната септемвриска изложба на учесниците на „Мал Битолски Монмартр“.
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ НА ИТА АЏИЕСТА
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 02.09.2010) - Утре, во 20 часот во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена изложба на слики од Ита Аџиеска, која повеќе години живее и работи во Њујорк, САД. Ита ќе се претстави со дваесетина слики, масло на платно, на тема „Носталгијата за Македонија и модата“. Со оваа изложба Ита ќе одбележи 18 години од нејзината прва самостојна изложба. Во изминатите години Ита има реализирано изложби во Прилеп, Скопје, Њујорк, Лондон, Стенфорд, Нотингем.
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА - МАСЛО НА ПЛАТНО ОД ШАСИВАРИ
Визуелни уметности : 

(Утрински весник, 02.09.2010) - Во изложбениот салон - Империјал 2, во Културно-информативниот центар Скопје, утревечер (20.30 часот), ќе биде претставена изложбата на слики од Ардијана Шасивари Кика. Ардијана Шасивари Кика реализирала три самостојни и повеќе групни изложби.
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА НА ВЛАХО БРАНЃОЛИЦА ВО КУМАНОВО
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 01.09.2010) - Утре, со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложба на фотографии на авторот Влахо Бранѓолица. Изложбата е во ораганизација на Заедницата на хрватите во Република Македонија – огранок Куманово и Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
-> повеќе ...

ГАЛИЧКА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА ПО 21-ВИ ПАТ
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 17.08.2010) - Традиционалната интернационална Ликовна колонија Галичник, својата овогодишна јубилејна, 21-ва по ред, сесија ќе ја започне на 23 август. На неа ќе земат учество 10 уметници од повеќе земји и тоа: Георги Крастев - Бугарија; Ѓорѓе Одановиќ - Србија; Гордана Добровиќ - Србија; Фахредин Спахија - Косово; Нена Шешиќ Фишер - Холандија; Ненад Фишер - Холандија;
-> повеќе ...

„САМОУКИ 2010“ ВО СВЕТИ НИКОЛЕ
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 09.08.2010) - Денеска, во 20 часот, во Изложбениот салон на Домот на културата во Свети Николе, ќе биде отворена групна изложба на слики “САМОУКИ 2010“. Отварањето на изложбата ќе значи почеток на работа на ликовната колонија „Ѓуриште“ а Националната Установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово е координатор на изложбата.
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА НА ХРИСТИНА ЗАФИРОВСКА ВО ОХРИД
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 09.08.2010) - Во Музеј-куќата на Робевци во Охрид во петокот, беше отворена изложбата „Визуелизација на моментот“ на ликовната уметница Христина Зафировска. Дваесетина ликовни “приказни” под заеднички наслов Визуелизација на моментот, кои се дел од најновиот сликарски опус на Христина Зафировска, укажуваат на творечка доследност, како во однос на медиумот...
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА НА МАЈКЛ КЛОСЕ
Визуелни уметности : 

(Вечер, 05.08.2010) - "Сликарството на патот до хуманоста" е наслов на изложбата на Мајкл Клосе која вечерва (20.30 часот), ќе се одржи во Apollonia Hotel во Гевгелија. Мајкл Клосе е сликар со македонско потекло, роден во Канада. По завршувањето на Ontario College of Art (една од најстарите и најпознати сликарски академии во Канада) своето школување го продолжува на Универзитетот во Guelph и Ryerson politehnical Институт за Дизајн.
-> повеќе ...

КОЛОНИЈАТА „ПАПРАДИШКИ МАЈСТОРИ“ ОД ДЕНЕСКА
Визуелни уметности : 

(Вечер, 04.08.2010) - Во спомен-куќите на Јордан Хаџи Константинов-Џинот и куќата на Касапови од денеска до 13 август ќе се одржи шестата Меѓународно сликарско-копаничарска колонија "Папрадишки мајстори". На годинашната манифестација ќе учествуваат 12 сликари и шест копаничари од Романија, Србија, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина и Македонија.
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА НА ТРАЈКО ТОШЕВСКИ ВО ВЕЛЕС
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 04.08.2010) - Утре, со почеток во 20 часот, во Уметничката галерија во Велес ќе биде отворена изложба на слики на академскиот сликар Трајко Тошевски (1950) од Куманово. Изложбата содржи дваесетина слики работени во техниката акрил на платно и е дел од најновото творештво на Тошевски. Се работи за сликарски израз сведен на знаци и симболи поставени во разни контексти и позадини...
-> повеќе ...

ПЕТТО ИЗДАНИЕ НА ЛИКОВНАТА КОЛОНИЈА „ХОТЕЛ ФЕНИ“ ВО КАВАДАРЦИ
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 04.08.2010) - Во сабота, на 7-ми август 2010 започнува со работа јубилејното петто издание на Меѓународната ликовна колонија „Хотел Фени“ во Кавадарци. И годинава десетина дена во Кавадарци ќе творат петнаесетина уметници од повеќе земји од Балканот - Македонија, Србија и Бугарија, кои својата инспирација ќе ја најдат во природните, историските и културните амбиенти на Тиквешијата...
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА НА МАЈКЛ КЛОС ВО ОХРИД
Визуелни уметности : 

(Дневник, 23.07.2010) - Во просториите на експозитурата на Шпаркасе банка во Охрид вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложба на канадскиот сликар од македонско потекло, Мајкл Клос. На изложбата ќе говорат поетот Тоде Илиевски, Стојан Тренчевски од Фондацијата „Мајка Тереза“ и Милчо Јованоски, соработник на изложбата.
-> повеќе ...

ГРАФИКИ ОД ВЛАДИМИР ТЕМКОВ ВО РЕСЕН
Визуелни уметности : 

(Дневник, 15.07.2010) - Изложба на дела од графичарот Владимир Темков ќе биде отворена вечерва во 20 часот, во Домот на културата „Драги Тозија“ во Ресен. Веднаш по отворањето, Драмското студио при Домот на културата од Кавадарци „Иван Мазов-Климе“ ќе ја изведе претставата „Џон Пиплфокс“.
-> повеќе ...

„ДЕНЕС 2010“ ЗА БОЖУРСКА
Визуелни уметности : 

(Утрински весник, 15.07.2010) - Кристина Божурска е годинашна добитничка на наградата ДЕНЕС за млад ликовен уметник и е наградена за инсталацијата „Компресии”, презентирана на изложбата на финалните кандидати отворена во Музеј на град Скопје.
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА НА ТРАЈКО ТОШЕВСКИ ВО ПРИЛЕП
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 09.07.2010) - Денеска, во 20 часот, во Галеријата на НУ. Центар за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложба на слики на академскиот сликар Трајко Тошевски од Куманово. На изложбата ќе бидат презентирани дваесетина слики работени во техниката масло на платно, кои се дел од најновото творештво на Тошевски.
-> повеќе ...

„МИНИЈАТУРИ ОД РАКАТА НА ЛЕШОСКИ“ ВО ВЕВЧАНИ
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 07.07.2010) - Денес во 18 часот, во просторот „Веслов дрен“ во Вевчани, ќе се отвори изложба на Симун Лешоски под наслов „Минијатури од раката на Лешоски“, која е збир на дела во мал формат кој што е дел од најновото творештво на авторот. На изложбата ќе бидат презентирани седумдесетина слики во мал формат во различни техники, во кои доминираат мотиви од сеќавањата и имагинацијата на авторот и старата вевчанска архитектура.
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА НА СТУДЕНТИТЕ ОД ФАКУЛТЕТОТ ЗА АРТ И ДИЗАЈН
Визуелни уметности : 

(Утрински весник, 01.07.2010) - Во Културно-информативниот центар вечерва во 20 часот ќе биде отворена четвртата годишна изложба на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, а еден час подоцна на платото пред Центарот ќе биде одржана и модна ревија на студентите од моден дизајн.
-> повеќе ...

НАДУВЛИВИ ТЕЛА ВО ЧИФТЕ АМАМ
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 30.06.2010) - Утре во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се отвори изложбата „Надувливи тела“ на Чико Макмуртри и Amorfic Robot Works. Kуратор на изложбата е Мелентие Пандиловски. „Надувливи архитектoнски тела #3“ е проект кој се состои од изложба, работилница и презентација од Чико Макмуртри и Аморфик Робот Воркс (Луиз Каунерт и Марк Шрегендорфер).
-> повеќе ...

ПО ТРЕТ ПАТ ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ДРЕН“
Визуелни уметности : 

(www,culture.in.mk, 29.06.2010) - Од први до деветти јули по трет пат во манастирскиот комплекс „Св. Илија“ во селото Дрен, ЦК „Марко Цепенков“ ќе ја организира ликовната колонија „Дрен 2008“ на која ќе учествуваат 13 уметници од земјата и странство. Од Македонија ќе творат: Сергеј Дамовски, Владимир Кнежевиќ, Весна Богоевска, Роберт Пашовски, Радомир Кнежевиќ, Јасминка Новковска, Олгица Антовска, Христина Зафировска...
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА НА ИКОНИ ОД ОРЦЕ СТАМБОЛЏИОСКИ
Визуелни уметности : 

(Утрински весник, 25.06.2010) - Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечерва во 20 часот ќе биде отворена четвртата самостојна изложба на икони од иконописецот Орде Стамболџиоски на која ќе бидат презентирани 32 икони. Стамболџиоски со години наназад слика икони во оригинална техника, а во ова прилика потенцира дека иконата го изразува духот на човекот и безграничноста на уметноста.
-> повеќе ...

ФОТОИЗЛОЖБА НА ИЛИЈА УЗУНОВСКИ ОД АВСТРАЛИЈА
Визуелни уметности : 

(Утрински весник, 23.06.2010) - Фотоизложба на Илија Узуновски под наслов „Варијации и структури“ ќе биде отворена вечерва во Културно-информативниот центар во 20,30 часот, во организација на Агенцијата за иселеништво на Македонија.
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА НА ТРАЈКО ТОШЕВСКИ ВО КУМАНОВО
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 23.06.2010) - Утре, со почеток во 20 часот, во Изложбениот салон на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово, ќе биде отворена изложба на слики на академскиот сликар Трајко Тошевски. Изложбата содржи дваесетина слики рабоени во техниката масло на платно и е дел од најновото творештво на Тошевски.
-> повеќе ...

СТРИП РАБОТИЛНИЦА НА КРСТЕВСКИ ВО ПАПРАДИШТЕ
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 19.06.2010) - Викендов во Папрадиште, Велешко, се одржува првата стрип работилница под раководство на стрип авторот Златко Крстевски. Главна тема на ова работилница е „НЛО над ова наше небо?“. Поканети се повеќе познати стрип автори кои треба да одговорат на зададената тема. Ќе биде одржано и предавање на писателот Љубомир Михајловски од Центарот за научна фантастика „ВИЗАИЈА“. Планирано е и печатење на стрип публикација и неколку изложби.

УМЕТНИЦИ ОД СЕДУМ ЗЕМЈИ ЌЕ ГРАДАТ ДУХОВНО ЕДИНСТВО
Визуелни уметности : 

(Дневник, 18.06.2010) -Петнаесетина ликовни уметници од седум земји ќе учествуваат на четвртата ликовна колонија „Балкан спирит“, која од денеска до 28 јуни ќе се одржи во Свети Наум во Охрид. Оваа балканска колонија, која треба да ја покаже духовната енергија на уметниците од овие простори, првпат годинава се одржува во Свети Наум во чест 1100 години од смртта на св. Наум Охридски.
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА „ВРАЌАЊЕ НА АНГЕЛИТЕ“ НА АНГЕЛЕСКА ВО КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ЦК
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 18.06.2010) – Самостојната изложба „Враќање на ангелите“ на уметницата Билјана Ангелеска ќе биде отворена во Културниот центар ЦК во Скопје денеска, во 20:30 часот. Изложбата „Враќање на ангелите“ е петта самостојна изложба на оваа уметница.
-> повеќе ...

„ПЕТ КАПКИ СОН“ - ИЗЛОЖБА НА ФОТОГРАФИИ НА МИЛЧО МАНЧЕВСКИ
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 15.06.2010) – Утре, во 20.30 часот, во Музејот на современата уметност, ќе биде отворена втората изложба на фотографии на режисерот Милчо Манчевски, насловена како „Пет капки сон“.
-> повеќе ...

ПОЧНУВА 17. МЕЃУНАРОДНА „КОПАНИЧАРСКА КОЛОНИЈА 2010“ ВО КРИВА ПАЛАНКА
Визуелни уметности : 

(МИА, 11.06.2010) - Во организација на Здружението на копаничарите на Македонија (ЗКМАК), во манастирскиот комплекс „Свети Јоаким Осоговски - Чудотворец“ вечерва со пригодна свеченост ќе почне 17-тата меѓународна „Копаничарска колонија 2010 година“. На овој традиционален меѓународен копаничарски кампус ќе учествуваат околу 15 резбари од Македонија и Бугарија.
-> повеќе ...

СОВРЕМЕНО ТУРСКО СЛИКАРСТВО
Визуелни уметности : 

(Утрински весник, 11.06.2010) - Централната банка на Турција во Музејот на град Скопје презентира дел од својата богата колекција на ликовни дела на изложба под наслов „Современо турско сликарство“ што вечерва ќе биде отворена во 20 часот. Нејзин куратор е проф. Мумтаз Саглам, а преку 51 дело од 30 автори ќе биде прикажан развојот на ликовната уметност во процесот на приклучување кон западните текови.
-> повеќе ...

ЈУБИЛЕЈНА ИЗЛОЖБА - 150 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ПАПРАДИШКИ ВО БИТОЛА
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 09.06.2010) – Утре, во 12.00 часот, во организација на Националната галерија на Македонија, во Културниот центар Магаза - Битола при Националната установа Завод и Музеј - Битола, ќе се отвори Јубилејна изложба - 150 години од раѓањето на последниот македонски зограф и прв сликар на профано сликарство во Македонија, Димитар Андонов Папрадишки.
-> повеќе ...

„ЖЕНСКА КНИГА“ – ИЗЛОЖБА НА ЛИЛЈАНА ЃУЗЕЛОВА ВО КУЛТУРНИОТ ЦЕНРАР ЦК
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 09.06.2010) - Женска книга е насловот на самостојната изложба на Лилјана Ѓузелова, која ќе биде отворена во Културниот центар ЦК на 10 јуни (четврток) во 20:00 часот. Изложбата на Лилјана Ѓузелова претставува една звучна инсталација со еден единствен објект – книга.
-> повеќе ...

„САМОУКИ 2010“ ВО КУМАНОВО
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 09.06.2010) - Утре, со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на Националната Установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена групна изложба на слики „САМОУКИ 2010“.
-> повеќе ...

„ЗАПИСИ ЗА ВИСТИНАТА“ САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА ТАЊА ТАНЕВСКА
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 07.06.2010) - Утре, во 20 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, ќе се отвори самостојна изложба на Тања Таневска под наслов „Записи за вистината“. Тања Таневска (р.1971, Скопје). 1996 дипломирала на ФЛУ-Скопје, отсек педагошки-сликарство, во класата на проф.Рубенс Корубин. Во 2010 магистрирала сликарство на ФЛУ во Приштина кај проф. Заке Превукај.
-> повеќе ...

ИЗЛОЖБА НА АЛЕКСАНДАР СИМОНОВИЌ ВО КУМАНОВО
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 16.09.2010) - Во Уметницката галерија при Н.У. Музеј Куманово, утре, во 20:00 часот, ќе биде отворена третата по ред самостојна изложба на академскиот сликар Александар Симоновиќ - Симо од Куманово. На изложбата ќе бидат застапени 20 ликовни дела, работени во комбинирана техника. Изложбата носи наслов „Секвенца“.
-> повеќе ...

РЕТРОСПЕКТИВНА ИЗЛОЖБА НА КОЛОНИЈАТА „ДЕБРЦА“ ВО ЧИФТЕ АМАМ
Визуелни уметности : 

(www.culture.in.mk, 16.09.2010) - Вчера, во 19.30 часот, во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам, беше отворена големата Ретроспективна изложба на интернационалната колонија „Дебрца".
-> повеќе ...

 

 

 

 

 

brzi - 2001