Проект на Министерство за култура и Светска банка
  
 
 Почеток : Издаваштво 

ХИТ-РОМАН ОД ПОЛСКИ АВТОР ВО ИЗДАНИЕ НА „МАКЕДОНСКА РЕЧ“
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 14.09.2010) - Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје неодамна го објави хит-романот „Ѓубре“ на полскиот автор Војќех Кучок, во превод од полски јазик на Наталиа Лукомска и Филип Димевски. „Ѓубре“ е неколкупати наградуван, меѓу другите и со најпрестижната полска награда за литература НИКЕ, преведен е на 15 јазици, брзо стана бестселер, доживеа три изданија во Полска и се продаде во повеќе од 150.000 примероци.
-> повеќе ...

ВО ИЗДАНИЕ НА „МАКЕДОНСКА РЕЧ“ - НОВ РОМАН ОД ВЛАДИМИР ПЛАВЕВСКИ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 04.08.2010) - Книгоиздателството „Македонска реч“ од Скопје деновиве го објави најновиот роман на Владимир Плавевски „Последниот сплавар на Вардар“, чија фиктивна конструкција се темели на некои вистински настани поврзани со неговиот прадедо (по чие занимање авторот го носи презимето) и конкретни настани и личности од првите години на дваесеттиот век.
-> повеќе ...

РОМАН ЗА ТИНЈЕЏЕРИ ОД ТОМЕ БОГДАНОВСКИ ВИ ИЗДАНИЕ НА „МАКЕДОНСКА РЕЧ“
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 28.07.2010) - „Зелениот хороскоп“ е насловот на романот за тинејџери од македонскиот писател Томе Богдановски, што деновиве го објави „Македонска реч“ од Скопје. Во првиот роман за деца и млади на Томе Богдановски е обработена современа тема, односно мотивско-тематската структура на романот произлегува од настаните што се тесно поврзани со совремието и од проблемите со кои се соочуваат младите.
-> повеќе ...

НОВО ОД „МАКЕДОНСКА РЕЧ“ - ПОЕТСКА КНИГА НА ИВИЦА ЧЕЛИКОВИЌ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 22.07.2010) - „Во ѕидот знак“ е насловот на најновата поетска книга на Ивица Челиковиќ, што деновиве ја објави „Македонска реч“ од Скопје. Книгата содржи четириесетина песни, поделени во шест тематски циклуси. - И во оваа поетска книга авторот постигнува високо естетско рамниште, со изграден и суптилно функционален симболичко-метафоричен систем и истенчен лирски усет.
-> повеќе ...

ВО ИЗДАНИЕ НА „МАКЕДОНСКА РЕЧ“ - НОВ РОМАН ДО ДУШКО РОДЕВ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 07.07.2010) -„Македонска реч“ од Скопје неодамна го објави најновиот роман на македонскиот писател Душко Родев „Човекот што ги сакаше калинките“. „Човекот што ги сакаше калинките“ е роман за љубовта и храброста, за зависта и омразата, за величината и подлоста. Тоа е роман за судбината на кукушката чета за време на илинденскиот период и за нејзиниот војвода Крсто Асенов, за борбите и херојствата, за раздорот и поразот.
-> повеќе ...

НОВО ОД МАКАВЕЈ - „МОДЕРЕН СВЕТЕЦ“ ОД ФРОСИНА НАУМОВСКА
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 29.06.2010) - Во едицијата „Современа македонска поезија“ на книгоиздателството „Макавеј“ од Скопје неодамна беше публикувана првата поетска збирка на младата македонска поетеса, режисер и добитник на Карамановата награда за најдобра необјавена поетска збирка во 2006 година, Фросина Наумовска. Борче Панов смета дека „Фросина Наумовска со својата збирка „Модерен светец“ нѐ опоменува дека дека времето во кое таа ја создава својата свест за времето е време на човекот кој ги затајува своите мисли токму пред најважното... време во кое се блада за значајните дела од „минатото“.
-> повеќе ...

НОВО ОД „МАКЕДОНСКА РЕЧ“ - ПОЕМАТА „МАЈ“ ОД ЧЕХОТ МАХА НА МАКЕДОНСКИ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 22.06.2010) - Друштвото за издавачка дејност „Македонска реч“ од Скопје ја објави поемата „Мај“ на познатиот чешки поет од 19 век Карел Хинек Маха (1810-1836), во препев од чешки јазик на Донка Роус. Објавувањето на „Мај“ на македонски јазик се совпаѓа со 200-го¬диш¬нината од раѓањето на овој истакнат претстав¬ник на чешкиот романтизам.
-> повеќе ...

НОВО ОД „МАКАВЕЈ“ - ИНТЕГРАЛНО ИЗДАНИЕ НА РОМАНОТ „ШАШМА“ ОД МЛАДЕН СРБИНОВСКИ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 09.06.2010) - Романсиерот, раскажувач, драматург и публицист Младен Србиновски во прозната едиција на скопски Макавеј го објави интегралното издание на романот „Шашма“. Првиот дел на оваа повеќевековна хроника на Скопје, единствена по опфат и естетичка изведба во македонската литература, се појави минатата година кај истиот издавач. Сега делото го добива своето целосно тематско и стилско лице и обем.
-> повеќе ...

ИЗЛЕЗЕ ПРВИОТ ДВОБРОЈ НА „СТРЕМЕЖ“ ВО 2010
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 03.06.2010) - Излезе од печат првиот двоброј на списанието за литература, уметност и култура „Стремеж“ за 2010 година, што го издава ЦК „Марко Цепенков“.

„ПОШТА“ ОД ЧАРЛС БУКОВСКИ ВО ИЗДАНИЕ НА БЕГЕМОТ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 26.05.2010) – Во издание на „ Бегемот“, излезе од печат, за првпат на македонски јазик, романот „Пошта“ од Чарлс Буковски . „Пошта“ (1971) е првиот роман од овој автор и според многумина најдобриот. Тој е еден од низата автобиографски романи на Чарлс Буковски. Во него е претставена суровата реалност на борбата за економски опстанок во една бирократска институција.
-> повеќе ...

ПРВО ДЕЛО ОД ВЛАДИМИР СОЛОВЈОВ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 25.05.2010) – Во издание на "Рубљов" од Струга излезе од печат трактатот "Смислата на љубовта", прво преведено дело на македонски јазик од големиот руски и европски философ на XIX век Владимир Соловјов, чие творештво е необично живо и актуелно до денес. Како што истакнува проф. д-р отец Стефан Санџкоски во поговорот, станува збор за редок мислител кој се изразува еднакво успешно со јазикот на поимите, со јазикот на философијата, критиката и публицистиката, но и со јазикот на поезијата.
-> повеќе ...

НОВА КНИГА – „НА МЕГДАН ЗА ТАТКОВИНАТА“
Издаваштво : 

(Вечер, 10.05.2010) - Во ликовниот салон во Велес, во рамките на одбележувањето на светскиот ден на книгата и авторското право, беше промовирана најновата збирка песни "На мегдан за татковината" од Раде Силјан. За најновото поетско остварување на Силјан, кое всушност е избор на неговата поезија од неговото 35-годишно творештво, зборуваше и книгата ја промовираше познатиот македонски критичар и писател Паскал Гилевски.
-> повеќе ...

„КАФЕЗ ОД ГРЕВОВИ“ – НОВ РОМАН ОД БРАТИСЛАВ ТАШКОВСКИ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 04.05.2010) – Познатиот македонски поет, романсиер и драматург Братислав Ташковски, во прозната едиција на скопски Макавеј, го објави новиот романсиерски зафат „Кафез од гревови“. Клучните тематски и стилски коти на новиот роман претставуваат своевидно надоврзување на неговиот претходен роман „Ако даде Господ“ со кој овој автор го најави својот штедар влог во романсиерското богатство на македонската литература.
-> повеќе ...

НОВО ОД „МАКАВЕЈ“ - „ПАТИШТА НА КНИЖЕВНАТА КРИТИКА“ ОД ДАНИЛО КОЦЕВСКИ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 03.05.2010) – Неодамна во издание од Книгоиздателството „Макавеј“ излезе од печат, во едицијата за критика и есеистика се појави ново критичко-есеистичко дело на познатиот македонски писател Данило Коцевски со наслов „Патишта на книжевната критика“. Книгата на Коцевски е составена од повеќе циклуси во кои се распоредени анализи, толкувања, синтетички текстови и искажувања по однос на состојбите на книжевната критика во пошироки и во македонски рамки.
-> повеќе ...

НОВО ОД ИЗДАВАЧКАТА КУЌА „БЕГЕМОТ“ - ДВОТОМЕН ПРЕВОД НА „ДОН КИХОТ“
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 27.04.2010) – По повод годишнината од смртта на Мигел Де Сервантес, издавачката куќа БЕГЕМОТ од Скопје со помош на Амбасадата на кралството Шпанија го издаде првиот целоносен, двотомен превод од шпански јазик на бесмртното дело „Дон Кихот“. „Дон Кихот“ е повеќеслоен роман со безброј значења и исто толку толкувања.
-> повеќе ...

ПЕСНИ ОД САНДЕ СТОЈЧЕВСКИ ОБЈАВЕНИ ВО АНТОЛОГИЈА НА СВЕТСКАТА ПОЕЗИЈА
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 26.04.2010) – Во новиот том на антологијата на современата светска поезија „Различни гласови“, која е вклучена во референтната листа на УНЕСКО, објавени се шест песни од нашиот истакнат поет Санде Стојчевски. Песните на англиски јазик ги препеаја Мајкл Шпорер, Греам Рид, Дејвид Боувен и Драги Михајловски.
-> повеќе ...

ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ИЗДАВАЧКАТА КУЌА „МЛАДИНСКА КНИГА“ ОД СКОПЈЕ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 16.04.2010) - Издавачот „Младинска книга“ Скопје и оваа година на Скопскиот саем на книгата се претставува со нови изданија. На овогодинешната манифестација „Младинска книга“ ќе се претстави со својата програма на врвни енциклопедиски изданија од светски ранг преведени на македонски јазик, но истовремено и со изданија на српски и на хрватски јазик од истата идавачка група.
-> повеќе ...

НОВО ОД „МАКАВЕЈ“ - „АМБИСОТ. ЖЕНАТА“, НОВА ПОЕТСКА КНИГА ОД ТРАЈАН ПЕТРОВСКИ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 15.04.2010) – Познатиот македонски романсиер и поет Трајан Петровски во поетската едиција на книгоиздателството „Макавеј“ ја објави својата нова книга „Амбисот.Жената“. Станува збор за поетска збирка од околу стотина песни во кои Петровски тематско се концентрира врв феноменот на жената, моќта на љубовта, копнежот по убавината и болката по одминатите емотивни и животни доживувања.
-> повеќе ...

ДЕСЕТ ГОДИНИ ИЗДАВАЧКО ДРУШТВО „МАКАВЕЈ“
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 14.04.2010) - Издавачкото друштво Макавеј веќе десетта година уверливо ги афирмира најистакнатите авторски пројави во македонскиот книжевен и културен простор.
-> повеќе ...

НОВА КНИГА ЗА ДИМИТАР МИТРЕВ ВО ИЗДАНИЕ НА МАКЕДОНСКА РЕЧ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 07.04.2010) - Книжевната студија „Литературните погледи на Димитар Митрев“ е најновата книга на проф. д-р Науме Радически што неодамна ја објави „Македонска реч“ од Скопје. Овој труд е аналитичка студија за фундаменталните димензии на литературно-естетичката мисла (естетичките, литературнотеориските, критичките, литературноисториските погледи и аналитички резултати) на основоположникот на македонската литературна критика и литературна теорија Димитар Митрев.
-> повеќе ...

„СЛАВЕЈ НЕЖНО РОЗА ДОВИКУВА“ ОД СЕРГЕЈ ЈЕСЕНИН НА МАКЕДОНСКИ
Издаваштво : 

(МИА, 07.04.2010) - По повод 115-годишнината од раѓањето и 85 години од смртта на Сергеј Јесенин, излезе од печат книгата-поезија „Славеј нежно роза довикува“ од Јесенин, за која препев од руски јазик и коментари подготви Здравко Божиновски, преведувач и лектор од Битола. - Песните во книгата се подредени тематски, а не според годината на пишувањето.
-> повеќе ...

„МНОГУ МУ ДОЛЖАМ НА ЛОРКА“ – ИНТЕРВЈУ СО САЛВАДОР ДАЛИ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 31.03.2010) – Новиот број на списанието за литература и култура - „Книжевно житие“ на Книгоиздателството „Макавеј“ на воведно место донесува интервју со Салвадор Дали во кое тој говори на неконвенционален начин за создавањето на неговата уметничка галаксија како и за својот однос кон шпанската уметност, култура и уметничка традиција во оваа земја. Во разговорот со големиот сликар и контроверзен интелектуалец на дваесеттиот век се претресени и други клучни културолошки и генерички аспекти на неговото творештво...
-> повеќе ...

МОНОГРАФИЈА ЗА ТУРСКИ ТЕАТАР
Издаваштво : 

(Вечер, 29.03.2010) - По повод јубилејот 60 години од постоењето на Турскиот театар во Македонија беше промовирана Монографијата за оваа институција од Ристо Стефановски. Државниот секретар во Министерството за култура, Дарко Стефановски, истакна дека Монографијата претставува навраќање на сите убави моменти и сите значајни настани што го одбележаа шестдецениското постоење на институцијата. - Прилозите презентирани во Монографијата се евидентно сведоштво за растот и развојот на Турскиот театар, кој претставува силен симбол на мултиетничноста, заедничкиот соживот и трајноста на вистинските вредности.
-> повеќе ...

ПРОМОТИВНА ПРОДАЖБА НА „ФИЛОЗОФИЈА НА ВИНОТО“ ВО КНИЖАРНИЦАТА ИЛИ-ИЛИ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 23.03.2010) – Утре на првиот ден од излегувањето на книгата „Филозофија на виното“ од печат, истата читателите ќе можат да ја набават по промотивна цена во книжарницата ИЛИ-ИЛИ. Инаку, изданието е финансиски поддржано од Унгарската книжевна фондација. Во последните денови на војната, на почетокот на 1945 година, Хамваш ќе изгуби се: бомба ќе го разнесе неговиот дом, библиотеката, ракописите и скиците за неговите следни дела.
-> повеќе ...

МОНОГРАФИЈА ЗА БОРКО ЛАЗЕСКИ
Издаваштво : 

(Дневник, 22.03.2010) - Монографијата за славниот македонски уметник Борко Лазески, по потекло од Прилеп, деновиве излезе од печат во издание на Градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп. Публикацијата му е посветена на богатиот сликарски опус на уметникот по повод 90-годишнината од неговото раѓање, а е поддржана од Друштвото за наука и уметност, Заводот за заштита на спомениците и музеј од Прилеп и Министерството за култура.
-> повеќе ...

ОБЈАВЕН СЕДУМДЕСЕТТИОТ БРОЈ НА ИНТЕРНЕТ СПИСАНИЕТО БЛЕСОК
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 18.03.2010) -„Блесок – литература и други уметности“ донесува: поезија од Ефе Дујан, Раман Мундаир и Ури Холандер, проза од Мима Симиќ и Мирт Комел (сите петмина се учесници во проектот Word Express), есеј за тангото од Наташа Сарџоска, осврт на Трајче Бјадов за „Географија на маленкоста“ од Ацо Гогов, изложби од Љупка Делева, Мирослав Масин и Нехат Беќири.
-> повеќе ...

ВО ИЗДАНИЕ НА „БЛЕСОК“ - „ЧОКОЛАДА ВО ПОРТФОЛИО“ ОД ЗВОНКО ТАНЕСКИ
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 10.03.2010) - Неодамна, во едицијата Бореа (поезија), со поддршка на Министерство за култура на Р. Македонија, Блесок ја објави поетската книга на Звонко Танески, „Чоколада во портфолио“. „Танески, којшто веќе го укотви својот препознатлив темперамент и оригинален дух во поновите текови на македонската поезија, овој пат се претставува со еден освежен „номадизиран“ дискурс...
-> повеќе ...

ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО „СИНТЕЗИ“
Издаваштво : 

(Утрински весник, 16.03.2010) -Деновиве излезе новиот број на книжевниот гласник „Синтези“, во кое централно место зазема ексклузивниот текст под наслов „Како се создаваше првата македонска енциклопедија“, кој претставува своевидно досие на главниот редактор, академик Блаже Ристовски.
-> повеќе ...

„НА ПАТ ОДАМ, ЗА ПАТ ПРАШАМ“ - ПАТЕПИСИ ОД КОНСТАНТИН ПЕТРОВСКИ
Издаваштво : 

(МИА, 15.03.2010) - Битолчанецот Константин Петровски ја издаде својата втора збирка патеписи во е-форма, под наслов „На пат одам, за пат прашам“. - Оваа втора публикација сведочи за интересни патувања низ светот и што е најважно благодарение на интернетот насекаде се дистрибуира и чита. На мое пријатно изненадување, збирката ја превзедоа и од порталот „Патеписи“ од Бугарија, вели за МИА авторот Петровски.
-> повеќе ...

ВО ИЗДАНИЕ НА „МАКЕДОНСКА РЕЧ“ - „ДОМОТ НА КУКЛАТА“ (НОРА) ОД ИБЗЕН НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 10.03.2010) - „Македонска реч“ од Скопје неодамна го објави познатото драмско дело „Домот на куклата“ (познато и по насловот „Нора“) на големиот норвешки писател Хенрик Ибзен, во компаративен превод на Ленче Тосева. „Домот на куклата“ е пиеса со извонредна драматуршка конструкција и е најчесто поставуваната драма на Ибзен.
-> повеќе ...

ПРОМОЦИЈА НА ДОМАШЕН СТРИП-МАГАЗИН
Издаваштво : 

(Дневник, 04.03.2010) - Тимот на интернет-форумот „Мак стрипови“ го промовира првиот број на новиот стрип-магазин „Синдром“, кој официјално ќе биде претставен денеска во книжарницата „Икона“ во Скопје. „Синдром“ е самофинансирано издание од модераторската екипа на „Мак стрипови“, објавено со желба да и' се понуди на македонската публика претставителен и промотивен домашен стрип-магазин, дополнет со интересни текстови, илустрации и интервјуа. Објавените дела се од домашни автори, а претставени се со четири стрипа и 10-ина илустрации.

РОМАНОТ „БАБИЧКА“ ОД БОЖЕНА ЊЕМЕЦОВА НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Издаваштво : 

(МИА, 01.03.2010) - „Македонска реч“ го објави романот „Бабичка“ од чешката писателка Божена Њемцова, во превод од чешки јазик на Донка Роус и Јасминка Делова Силјанова. Ова е првото дело на Њемцова објавено на македонски јазик. Божена Њемцова (1820–1862) се смета за основоположник на новата чешка проза. Родена е во Виена, а детството го поминала во Ратиборжице, крај Ческе Скалице, каде што врз неа силно влијание имала баба и Магдалена Новотна.
-> повеќе ...

НОВО ОД „МАКЕДОНСКА РЕЧ“ - „ЧУДНИОТ СЛУЧАЈ НА БЕНЏАМИН БАТОН“ ОД ФРЕНСИС С. ФИЦЏЕРАЛД
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 22.02.2010) – „Македонска реч“ од Скопје, неодамна ја објави збирката раскази Чудниот случај на Бенџамин Батон од познатиот американски писател Френсис Скот Фицџералд, во превод од англиски јазик на Катица Гароска Ацевска. Оваа книга претставува избор од неговите најрепрезентативни раскази кои досега не биле преведени на македонски јазик.
-> повеќе ...

ВО ИЗДАНИЕ НА „МАКЕДОНСКА РЕЧ“ - „БИБЛИОТЕКА“ ОД АПОЛОДОР НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 15.02.2010) - Познатото митолошко дело од античката литература „Библиотека“ од хелинистичкиот филолог Аполодор, неодамна првпат е објавено на македонски јазик, во издание на „Македонска реч“ од Скопје, а во превод од старогрчки јазик и со предговор, белешки и коментари на Весна Томовска. Овој митолошки прирачник претставува опширен приказ на приказните за боговите и за хероите од богатата традиција на грчката митологија.
-> повеќе ...

ЛИНГВИСТИКАТА НА ИВАНОВА
Издаваштво : 

(Вечер, 11.02.2010) – Книгата "Лингвистичките дела на Олга Иванова" од Васил Дрвошанов, неодамна излезе од печат. Се работи за труд посветен на делото од првиот доктор по македонска ономастика во Македонија, за која авторот вели дека "нејзина заслуга е расветлувањето на илјадници македонски топоними и антропоними". Во книгата проф. д-р Дрвошанов одделно ги анализира сите трудови на Иванова, а на крајот ги синтетизира главните состојки од целиот нејзин научен опус.
-> повеќе ...

Васил Дрвошанов

МОНОГРАФИЈА ЗА ДАНКА ФИРФОВА - ВО ЧЕСТ НА ПРВАТА ОПЕРСКА ПЕВИЦА
Издаваштво : 

(Вечер, 08.02.2010) - Не е особено честа можноста да се погледне сеопфатно моногафско издание посветено на животот и работата на некој од македонските музички уметници, особено ако станува збор за жена. Оттука монографијата "Данка Фирфова - живот посветен на музиката" дело на музикологот Мирјана Павловска Шулајковска, а издание на Дирекцијата за култура и уметност - Скопје, е од особено значење и тоа на повеќе нивоа.
-> повеќе ...

ВО ИЗДАНИЕ НА МАКЕДОНСКА РЕЧ“ - „МОСКОВИЈАДА“, РОМАН НА АНДРУХОВИЧ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 08.02.2010) - „Македонска реч“ од Скопје, неодамна го објави романот на познатиот и контроверзен украински писател Јуриј Андрухович „Московијада“, во превод од украински јазик на Лилија Григоријан и Пантелеј Кондратјук. Московијада е постмодернистичка проза, роман на стравот, ужасот и хаосот. Овој роман го отсликува залезот на Советскиот Сојуз, разнобојното поздемје на московскиот режим – социјалното, политичкото, полициското, но и уметничкото.
-> повеќе ...

НОВА КНИГА НА „МАКЕДОНСКА РЕЧ“ – „РАСКАЗИ“ ОД ДИВНА БОГОЕВА
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 04.02.2010) - „Македонска реч“ од Скопје неодамна ја објави книгата со раскази на Дивна Богоева, насловена со „Раскази“, во која се сместени 13 приказни – реминисценции на едно време и своевидни секвенци кои го одразуваат духот на тоа време. Расказите носат приказни за судбините на обичниот човек во необичните животни ситуации од секојдневјето. Дивна Богоева е родена во Скопје, во 1922 година.
-> повеќе ...

ВО ИЗДАНИЕ НА „МАКЕДОНСКА РЕЧ“ - „ДОБРО Е, УБАВО Е“ РОМАН ОД ХРВАТСКИОТ ПИСАТЕЛ ИВИЦА ПРТЕЊАЧА
Издаваштво : 

(www.culture.in.mk, 01.02.2010) - „Македонска реч“ од Скопје неодамна го објави романот „Добро е, убаво е“ на хрватскиот писател Ивица Пртењача, во превод од хрватски на македонски јазик на Ленче Тосева. Пртењача спаѓа меѓу најистакнатите и најнаградуваните автори од помладата генерација хрватски писатели. „Добро е, убаво е“ е роман со современа приказна во која главниот лик е млад писател.
-> повеќе ...

 

 

 

 

 

brzi - 2001