|
|
| ГОЦЕ НАНЕВСКИ ИЗЛОЖУВА ВО БАЊА ЛУКА Изложби надвор : (www.culture.in.mk, 10.09.2010) - Денеска, во 20 часот, во Музејот на современата уметност во Бања Лука, Босна и Херцеговина, ќе биде отворена самостојна изложба на македонскиот уметник Гоце Наневски под наслов „Педесет или педесет“.
Гоце Наневски, кој во 2009 година беше претставник на Република Македонија на 53. Венециско биенале... -> повеќе ... | |
|
| | САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА БОЖУРСКИ ВО ПИЗА Изложби надвор : (www.culture.in.mk, 08.09.2010) - На 11 септември 2010 г. Гоце Божурски ќе ја отвори дваесет и деветтата самостојна изложба во Torre Upezzinghi Calcinaia во Пиза, Италија.
Ќе бидат изложени дваесеттина слики создадени во 2010 година кои се надоврзуваат на претходниот циклус „Култни места“, но карактеристичната поетика на просторот сега е надополнета со порафиниран, лирски сензибилитет и гравури од љубовни записи. -> повеќе ... |
|
| ИЗЛОЖБА НА ВЛАДИМИР ГЕОРГИЕВСКИ ВО СОФИЈА Изложби надвор : (www.culture.in.mk, 07.09.2010) - Во четврток, во 18.00 часот, во Салонот на Друштво на бугарските ликовни уметници, Софија, Р.Бугарија, ќе биде отворена самостојна изложба на академскиот сликар
Владимир Георгиевски. Изложбата се реализира во рамките на Програмата за меѓународна соработка на Националната галерија на Македонија и Културно-информативниот центар на Р.Македонија во Софија. -> повеќе ... | |
|
| ИЗЛОЖБА НА ИРЕНА ПАСКАЛИ ВО КЕЛН Изложби надвор : (Утрински весник, 02.09.2010) - Ирена Паскали заедно со Денис Тис од Келн, утре во 18 часот, во Арт галерија 7 во Келн ќе ја отворат заедничката изложба со наслов „Experiment mit fotografie“. Изложбата е дел од реномиранaта манифестација „20. internationale Photszene K?ln“, која почнува утре и ќе трае до крајот на септември.
„На изложбата ’Експерименти со Фотографијата‘ ќе се претставам со мојот најнов циклус ’Меридијани‘ кој е започнат во 2009 година и се' уште е во процес. -> повеќе ... | |
|
| | ИЗЛОЖБА НА ЗЛАТКО КРСТЕВСКИ ВО СЛОВЕНИЈА Изложби надвор : (Утрински весник, 14.08.2010) - Денеска во Покраинскиот музеј во Копер, Словенија, во рамки на годинашното 6. издание на Меѓународниот фестивал на современа култура и уметност Копергроунд, ќе биде отворена самостојната изложба на македонскиот ликовен уметник Златко Крстески. -> повеќе ... |
|
| | ДЕЛАТА НА АЛЕМДАР ВО ЛОНДОН Изложби надвор : (Утрински весник, 12.07.2010) - Во лондонската галерија за модерна уметност отворена е изложба на сликарот од Македонија, Армандо Алемдар-Ара, кој веќе две децении живее во Велика Британија, а десет години дејствува како уметник.
Неколку десетина слики во масло, под заеднички наслов „Сирово и рафинирано“, во кои се препознаваат боите на македонското поднебје, како и цртежи што првпат се прикажуваат, се дел од најновата колекција на неговото апстрактно сликарство... -> повеќе ... |
|
| ГРУПАТА ОПА ИЗЛОЖУВА ВО ЊУЈОРК Изложби надвор : (Дневник, 09.07.2010) -Видеоделото „Проект кој не е проект“ на нашата уметничка група ОПА, денеска (18 часот) ќе биде презентирано во Македонскиот културен центар во Њујорк. Проектот е 42-минутен филм за патување низ Европа со 40 години стар автомобил „спачек“, кое е реализирано во периодот од 2003 до 2006 година. -> повеќе ... | |
|
| | НАШИ УМЕТНИЦИ ИЗЛОЖУВААТ ВО ЉУБЉАНА Изложби надвор : (Дневник, 08.07.2010) - Пет македонски уметници се дел од групната изложба „255.804 км2“ што денеска во 20 часот ќе биде отворена во Градската галерија во Љубљана. Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ, Верица Ковачевска, Никола Узуновски и Неда Фирфова, преку различни дела изработени во повеќе техники ќе ја раскажат приказната за просторот на поранешните југословенски републики, кој покрива површина од 255.804 км2. -> повеќе ... |
|
| | ИЗЛОЖБА ЗА ВОЈВОДАТА АБАЗОВ ВО СОФИЈА Изложби надвор : (Дневник, 01.07.2010) - Фотографии, документи и факсимили од весници за злетовскиот војвода Славчо Анастасов Абазов ја сочинуваат изложбата што денеска во 18.30 часот ќе биде отворена во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија. Изложбата содржи 19 паноа посветени на дејствувањето на војводата во злетовско-кратовскиот крај. -> повеќе ... |
|
| | ТОНИ ШУЛАЈКОВСКИ ИЗЛОЖУВА ВО НИШ Изложби надвор : (Утрински весник, 17.06.2010) - „Под дејство на звукот“ е насловот на изложбата на цртежи од ликовниот уметник Тони Шулајковски, што вечерва во 20 часот ќе биде отворена во галеријата на Нишкиот културен центар. Од 40 цртежи работени во различни техники: пастел, јаглен, молив во боја и акварел, создадени под влијание на електронската музика, ќе бидат изложени само 25. Ова е 45. самостојна изложба на авторот, но и прва во српскиот град.
|
|
| ИЗЛОЖБА НА ДАНЧО КАЛ’ЧЕВ ВО СОФИЈА Изложби надвор : (Утрински весник, 15.06.2010) - Македонскиот сликар Данчо Кал’чев со својата изложба „Генезис“ што ќе биде отворена денеска во 18 часот, во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, првпат и ќе се презентира во главниот град на Бугарија. Изложбата ќе ја отвори ликовниот критичар Златко Теодосиевски, кој напоменува дека авторовите слики „брилијантно како да не' враќаат 14 милијарди години назад, во самата суштина на материјата, во создавањето ред во хаосот - или хаос во редот... -> повеќе ... | |
|
| | ДAНЧО ОРДЕВ И РЕШАТ AМЕТИ ИЗЛОЖУВААТ ВО БЕЛГИЈА Изложби надвор : (Утрински весник, 14.06.2010) - Ликовните уметници Данчо Ордев и Решат Амети во белгискиот град Шарлроа презентираат дел од своето творештво, на изложба која отворена на почетокот на јуни, на 17 јуни ќе биде префрлена во Брисел, каде што ќе остане до крајот на јули. Ордев се претставува со 14 дела, а Амети со 12, во поголеми формати. Изложбата во валонскиот град Шарлроа, е поставена во културниот центар „La Mаison du Bailli“ и, според кураторот Климе Коробар, предизвикала извонреден интерес. -> повеќе ... |
|
| ИНСТАЛАЦИЈА НА ПАСКАЛИ ВО СОФИЈА Изложби надвор : (Дневник, 02.06.2010) - Изложбата „Збор, свет, пат“ на Ирена Паскали ќе биде отворена вечерва во 18 часот во Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија. Изложбата претставува интерактивна инсталација составена од девет холограми и една видеопроекција. -> повеќе ... | |
|
| | ОЛИВЕР МУСОВИЌ НА БИЕНАЛЕТО ВО МАРДИН Изложби надвор : (www.culture.in.mk, 02.06.2010) - Македонскиот уметник Оливер Мусовиќ ќе учествува со првото биенале во градот Мардин, Турција кое ќе се отвори на 4. јуни на повеќе локации во градот. На изложбата со наслов „Абаракадабра“ под кураторство на турската кураторка Доне Отјам... -> повеќе ... |
|
| ДЕЛАТА НА СЕРГЕЈ АНДРЕЕВСКИ ВО ТУНИС Изложби надвор : (Вечер, 22.05.2010) - Македонскиот сликар Сергеј Андреевски е учесник на осмата изложба „Уметничка пролет на Ла Марса“ во Тунис. Ова е најголема ликовна манифестација на актуелната уметност на Тунис, каде што годинава учествуваат 170 уметници меѓу кои и десетина гости од странство. -> повеќе ... | |
|
| | ИЗЛОЖБА „СИНЕСТЕЗИЈА“ ВО РИМ ВО РАМКИ НА ЧЕСТВУВАЊАТА ЗА СВ. КИРИЛ Изложби надвор : (МИА, 21.05.2010) - Во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св Кирил“, денеска во Рим во монументалниот комплекс „San Michele“ ќе биде отворена изложбата насловена „Синестезија“ на 15 македонски автори. Изложбата е во организација на Музејот на современа уметност, а куратор е Викторија Васева - Димеска. Во постановката застапени се дела на Томе Аџиевски, Тони Мазневски, Жанета Вангели, Искра Димитрова, Благоја Маневски, Јован Шумковски, Станко Павлески -> повеќе ... |
|
| | ДВЕ ИЗЛОЖБИ НА БАЛОВ И ЕДНА НА ШУЛАЈКОВСКИ ВО БЕРЛИН Изложби надвор : (www.culture.in.mk, 18.05.2010) – На 26 Мај 2010, во 19 часот, во проект-галеријата „IntoriorSAsein“ ќе се отвори самостојна изложба „Со моите очи“ со најновите слики (портрети на Јован Балов. Куратор на изложбата е Dr. Rolf Külz-Mackenzie кој со поздравен говор ќе ја отвори истата. На 28 мај, во 19 часот, во галеријата „GAD”, ќе се отвори првата изложба на ново формираната уметничка група WEDDINGER REALISTEN (Реалистите од Wedding). -> повеќе ... |
|
| ВУК МИТЕВСКИ ЌЕ ИЗЛОЖУВА ВО ГЕРМАНИЈА Изложби надвор : (Дневник, 13.05.2010) - Уметникот Вук Митевски во јуни ќе ја претставува Македонија на меѓународната изложба „Норд арт“ во германскиот град Буделсдорф. Станува збор за една од најголемите изложби во северна Европа, која е наменета за млади автори од целиот свет и се организира по 12. пат. -> повеќе ... | |
|
| Петмина македонски уметници излагаат во Софија Изложби надвор : (Дневник, 02.07.2012) - „Kонекција“ е насловот на изложбата на дела од петмина млади ликовни автори од Македонија која вечерва ќе биде отворена во нашиот Kултурно-информативен центар во Софија.
Ќе бидат претставени графики, керамички скулптури и масла на платно од Зоран Мише, Павел Целкоски, Горан Т -> повеќе ... | |
|

|
|
|