|
|
| | НАУЧНА МАНИФЕСТАЦИЈА – „СТРУШКА МУЗИЧКА ЕСЕН“ Музика : (Вечер, 07.09.2010) - Музикологија, музичка педагогија, медиавистика и етномузикологија се главните теми на кои македонските музички научници ќе расправаат на годинешнава манифестација Струшката музичка есен што од 10 до 12 септември по 35 пат ќе се одржи во Струга. Главниот акцент сепак, годинава ќе биде ставен на проблемите и перспективите на македонската музика. Струшката музичка есен е основана со цел да се разјасни и да се придонесе кон македонското музичко минато, македонската музичка сегашност и да се даде поддршка од музичките научници на македонското музичко творештво. -> повеќе ... |
|
| КОНЦЕРТ ЗА ФАГОТ И ПИЈАНО ВО ГЕВГЕЛИЈА Музика : (www.culture.in.mk, 30.06.2010) - Утре со почеток во 19.30 часот, во хотелот Аполонија ќе се оддржи концерт на класична музика – концерт за фагот и пијано, во изведба на Даниел Апостолов и Катерина Гелебешева – Костадиновска. На програмата ќе бидат изведени дела од Девиен, Рене, Мињон и Кројцер. -> повеќе ... | |
|
| | ГАЛА КОНЦЕРТ ВО ЧЕСТ НА КОСТА ТРПКОВ Музика : (Дневник, 15.06.2010) - Во салонот на Македонската опера и балет, вечерва (20 часот), ќе се случи концерт на оркестарот на МОБ заедно со студентите по соло-пеење од прва до четврта година и од постдипломски студии на Факултетот за музичка уметност во Скопје. -> повеќе ... |
|
| | МЛАДИ МУЗИЧАРИ СО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА Музика : (www.culture.in.mk, 09.06.2010) - Утре, во Домот на АРМ, со почеток во 20 часот, под диригентската палка на Ле Фи Фи ќе настапат учениците од Државните музички училишта, кои по пат на аудиција беа избрани за настап со Македонската филхармонија. На концертот ќе настапат: Канита Алиу – флејта, Лауреша Руфати – мецо сопран, Димитар Михајловски – виолина... -> повеќе ... |
|
| | ПИЈАНО – РЕЦИТАЛ НА МАРИЈА ТРЕНЧЕВСКА Музика : (Утрински весник, 19.05.2010) - Пијано рецитал на Марија Тренчевска вечерва, во 20 часот, ќе биде одржан во Музејот на Град Скопје, каде што на програмата ќе се најдат дела од Хиндемит, Бетовен, Дебиси и од Рахмањинов. Рециталот е во рамките на циклусот „Доаѓаме“, преку кој КИЦ продолжува со традицијата на ексклузивни концерти на оние таленти што веќе ја аргументирале својата концертна перспективност низ бројни настапи. -> повеќе ... |
|
| КОНЦЕРТ НА ДУОТО „ТАЛИЈА“ Музика : (Дневник, 19.05.2010) - По повод светското одбележување на 200-годишнината од раѓањето на композиторот Фредерик Шопен, вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ концерт ќе одржи дуото „Талија“. Пијанистката Билјана Петровска и виолинистката Пламенка Трајковска, кои го сочинуваат дуото, ќе изведат повеќе дела од Шопен. Концертот е во организација на амбасадата на Република Полска во нашава земја. -> повеќе ... | |
|
| | КОНЦЕРТ НА ОГНЕНКА ГЕРАСИМОВСКА Музика : (www.culture.in.mk, 04.05.2010) – Во четврток, со почеток во 20 часот, во малата сала на Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе се одржи концерт за пијано во изведба на Огненка Герасимовска. Огненка Герасимовска (Скопје 1984) во 2007 год дипломара на Факултет за Музичка уметност во Скопје. -> повеќе ... |
|
| РЕЦИТАЛ НА ПАСКАЛ КРАПОВСКИ И МИЛИЦА ШКАРИЌ ВО САЛОН 19,19 Музика : (www.culture.in.mk, 04.05.2010) – Утре, во Салон 19,19, со почеток во 20,00 часот ќе се одржи рецитал на Паскал Краповски, виолончело, Милица Шкариќ, пијано. На програмата ќе бидат изведени дела од Гранадос, Форе, Коци, Петрович,Абасов и Прокофјев.
Паскал Краповски, роден во Скопје 1979 година, потекнува од семејство со долгогодишна музичка традиција, над 150 години. -> повеќе ... | |
|
| | КОНЦЕРТ НА ЖЕНСКО АКУСТИЧНО ТРИО ВО МКЦ Музика : (www.culture.in.mk, 26.04.2010) –Утре, во 21:00 часот ќе се одржи концерт на Vradiazei женско акустично трио од Olympia, Washington. Ова е нивна прва турнеја низ Европа, во чии рамки ќе биде и концертот во Младинскиот Културен Центар во Скопје.Девојките за себе велат: „Сознанието дека најмрачните денови допрва следат нèинспирираше да ја отстраниме употребата на струја во нашата музика. Го изразуваме јадот на минатото, очајот на сегашноста и несигурноста на иднината без неа. Кога светот ќе биде опустошен, нашиот звук ќе биде ехото низ празните улици.“ -> повеќе ... |
|
| | ПИЈАНО-РЕЦИТАЛ НА ПАНДЕЛИНА АТАНАСОВА Музика : (Утрински весник, 23.04.2010) - Во Музејот на град Скопје вечерва со почеток во 20 часот, пијано-рецитал ќе одржи младата пијанистка Панделина Атанасова, која ќе изведе дела од Скарлати,
Бах, Бетовен, Шопен, Ухлик и Лист.
Рециталот е во рамките на циклусот „Доаѓаме“, преку кој организаторот, -> повеќе ... |
|
| УТРЕ ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО МОБ Музика : (Дневник, 22.04.2010) - Македонската опера во соработка со „Two hearts production“ во петок во 20 часот ќе одржи хуманитарен концерт за 12-годишниот Емил Новески, кој боледува од редок вид леукемија и во моментов се наоѓа на лекување во Германија. -> повеќе ... | |
|
| | KОНЦЕРТ НА „MUSIC PROGRESSIVE QUARTET“ ВО АРТ КИНО „ФРОСИНА“ Музика : (www.culture.in.mk, 19.04.2010) – Утре, во 19:00 часот, македонскиот музички состав Music Progressive Quartet, ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар, кино Фросина.
Music Progressive Quartet е оформен во 2007 год. Членуваат: Владимир Лазаревски, обоа и ерменски дудук, Владимир Крстев, виолина и тамбура, Марко Виденовиќ, композитор на музиката и солист на виола и Паскал Краповски, виолончело. -> повеќе ... |
|

|
|
|