|
|
| ИЗЛОЖБА ХЕРАКЛЕА ЛИНКЕСТИС - БИСЕР НА АНТИКАТА ВО СОФИЈА
(МИА, 07.09.2006) - Националната установа Завод за заштита на спомениците на културата и музеј-Битола на 8-ми септември годинава во Културно информативниот центар на Македонија во Софија ќе се претстави со изложбата под наслов Хераклеа Линкестис - бисер на антиката.
Станува збор за мултимедијално претставување и тоа: 22 постера со димензии 100 х 70 сантиметри и еден постер од 2,70 х 70 сантиметри, 11 копии на впечатливи предмети од Хераклеа Линкестис и видео презентација за локалитетот. Исто така, отпечатен е и луксузен каталог.
Изложбата е реализирана од страна на Аница Ѓорѓиевска, Енгин Насух и Лидија Достовска од НУ Завод и музеј-Битола. Копиите ги изработија Ефто Димовски и Тони Николовски, фотографиите се на Кире Ѓорѓиевски, а печатењето на Микена - Битола.
Проектот е финансиран од страна на Министерството за култура на Македонија. Изложбата е посветена на покојниот археолог Томе Јанакиевски. |
| |
|
|
|