ВИСКОНТИ ВО КИНОТЕКА - „СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА“ ЛЕКТИРА ЗА СЕКОЈ ФИЛМОФИЛ
(Вест, 14.11.2006) - Денес и утре, во Кинотека на Македонија во Скопје, во рамки на циклусот: Висконти, ќе се прикаже "Смрт во Венеција" од 1971 г, во режија на Лукино Висконти а снимен според истоимената новела на Томас Ман.
"Смрт во Венеција" е лектира за секој филмофил. Од критиката карактеризиран како есенцијален Висконти филм, "Смрт.." е суптилен но вознемирувачки, визуелно перфектен филм на Висконти.
Приказната е за Густав Фон Ахенбах, кој го глуми Дирк Богард , композитор во години, приморан да земине на одмор во Венеција по серија трагични настани кој му се случиле. Неговото бегство во Венеција се претвора во тивко гонење на едно прекрасно русо момче, кое станува негова опсесија.
Со прекрасна костимографија, музика, фотографија и сценографија, филмот во 1972 е номиниран за Оскар за костим, "Златна палма" на Кан за режија и добитник на четири БАФТА награди. |