|
|
| ПРОЕКТ - НИЗ ПЕРСПЕКТИВАТА НА ЖЕНАТА
(Утрински весник, 31.01.2007) - Центар за изведувачки уметности „МУЛТИМЕДИА“од денес до 4-ти фебруари во Мултимедијалниот центар Мала станица, ќе го имплементира проектот „Низ перпективата на жената“ - интернационална соработка на 30 уметници и уметнички од 8 земји од Европа и Балканот.
Проектот е со цел да ја зголеми јавната свест за постојните проблеми на жената, да демонстрира како уметниците и уметничките може да создадат свесност преку користење на партиципаторна уметност и како истите може да придонесат кон реиспитување на културните и социјални промени во Европа. До четврти февруари планираните содржини ќе се одржуваат во конференциски и работилнички дел, со учество на теоретичари, критичари и уметници кои се занимаваат со родови прашања од Македонија и Европа.
„Жената во светот на еконимијата: можности за преминување од другата страна на дискриминацијата и сиромашноста“ - Милева Ѓуровска Универзитет Св, “Кирил и Методиј“ „Правата на сексуалните работнички“ - Марија Тошева, ХОПС; „Митот за убвината и конзумерското општество: тело кое продава“ - Емилија Петреска , Совет за радиодифузија “Отсуство/присуство на телото идруги приказни“ - Искра Димитрова; Презентација:38 години од NGBK, Германија: уметност и акција, уметност и секојдневен живот, уметност и јавност, уметност и општество“ се содржините планирани за утре со почеток во 12. 30 часот.
„Низ перспективата на жената“е финансиран од Европската Комисија, Програма за млади, а истиот се организира со партнерско учество на Artens (Грција); пер.арт (Србија); Culture and Communits (Албанија); Акција - Cultural Development Agenncy(Босна и Херцеговина); Assoociation for the Promotion of Women in Culture -City оф Women (Словенија); Debalie (Холандија) и The New Society for Fine Arts (Германија).
Оваа имплементирачка средба во Скопје се смета за прв чекор кон утврдување на заедничкото дејстување на 8-ми март и создавање на акции кои ќе се конфронтираат на вообичаеното „кич славење на овој празник и вештачката емнципација и слобода која ја афирмира“ - потенцираат организаторите на проектот. |
| |
|
|
|