Проект на Министерство за култура и Светска банка
  
 
 Почеток : Изложби надвор 

ДОБАР ПРИЕМ НА МАКЕДОНСКИ УМЕТНИЦИ ВО БЕЛГРАД


(Утрински весник, 05.02.2007) - Младите македонски ликовни уметници Јана Јакимовска, Климентина Јаулеска и Матеј Богдановски во текот на јануари се претставија во Белград во ликовниот центар „Чериш“ во рамките на Интернационалниот ликовен карван 2005 -2010 „Сета таа музика - звукот на бојата, бојата на звукот“.Тие најпрвин се претставија со дел од своето творештво, на камерна пристапна изложба на слики и скулптури заедно со српските уметници Влатка Кавалир - Жугиќ, Зоран Жугиќ, Радомир Бранисављевиќ и Михајло Млинар, а потоа и на изложба на која ги презентираа само своите дела создадени на организираната ликовна колонија.
„Двете изложби беа добро посетени, а според договорот со центарот „ Чериш“ оставивме по три од делата кои таму ги создадовме. Ова беше можност да се запознам со дел од српските уметници, да ја видам нивната ликовна сцена“ - изјави Климентина Јаулеска, студент на четврта година на ФЛУ во Скопје.
За Јана Јакимовска учеството на ликовната колонија во Белград, претставуваше предизвик за мерење на сопствените вредности, надвор од сопствената земја. „Кога си надвор имаш можност да видиш кој си, колку вреди твоето творештво, да сретнеш нови луѓе, да почувствуваш нови мириси“ - потенцира сликарката Јана Јакимовска.
И сликарот Матеј Богдановски е задоволен од својата втора презентација на дела во Белград, организирана од колекционерот Тихомир Кондев, кој е организатор и на Интернационалниот ликовен караван.
Карванот на 23 февруари на белградската публика ќе и се претстави со избор на 40 - тина дела од македонски и српски уметници што ќе бидат поставени на изложба во ликовниот центар „Леонардо“ во центарот на градот.



 

 

 
 
 

 

 

 

brzi - 2001