Проект на Министерство за култура и Светска банка
  
 
 Почеток : Фестивали 

ПОЧНУВА „АРТ ГЕНЕРАТОР“ ВО ШТИП


(Дневник, 26.04.2007) - Со видеопрограма на автори од Македонија, Бугарија и од Албанија, вечерва во 20 часот, во Безистен во Штип, ќе почне фестивалот на урбани уметности „Арт генератор“. Второто издание на фестивалот, кој го организира Центарот за изведувачки уметности „Мултимедија“ од Скопје, ќе трае четири дена.
„Арт генератор“ е место за дијалог на заедниците од Балканот и ја истакнува уметноста како медиум на соочување, комуникација и влијание врз општествените и социјалните прашања. Во рамкит на фестивалот ќе има разни уметнички содржини од филмот, перформансот, музиката, како и отворени и јавни инсталации, работилници и предавања.
Темата на фестивалот е „Манифест на тркала: Хијазма на уметничката мобилност“.
Ќе бидат претставени видеопродукции од Словенија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Романија, Полска, Албанија, Турција, Бугарија и од нашата земја, ќе настапи „Алек Пејовски трио“, а ќе има две интерактивни работилници. Проектот е помогнат од Министерството за култура, „Про Хелвеција“, Агенција за млади и за спорт.


 

 

 
 
 

 

 

 

brzi - 2001