|
|
| МАКЕДОНИЈА ДАВА НОВИ ОТКРИТИЈА - СТАТУА НА ПОЗЛАТЕН ЛИДЕР СО ШТИТ ВО СТОБИ
(Вечер, 18.07.2008) - Археолозите од античкиот локалитет Стоби еден месец ќе прават пауза. На терен се враќаат во септември кога имаат интересна задача - на Римскиот форум да ги откријат и останатите делови од стаутуата со натприродна големина која ги изненади на последните денови од истражувањето.
- Откривме глава од статуа, со шлем и перјаница. Сочуван е дел од лицето, дел од штитот и една рака. На остатоците јасно се гледа црвена боја која служи како основа за позлата. Остатоци од позлата се пронајдени и на перјаницата. Стутуата е изработена од мермер. Се уште не се знае дали е машко или женско. Треба добро да се проанализираат деловите, да се состават за да знаеме за што точно станува збор. Дефинитивно е мошне значаен наод и нашите претпоставки се дека статуата може да биде некој значаен војсководец или некое божество. Во секој случај, тоа е некој лидер, вели археологот од Музеј на Македонија, Мила Шурбаноска, раководител на истражувањата во Стоби. Деловите од стаутуата се откриени во парчиња и се претпоставува дека таа била уништена заедно со разурнувањето на објектот. Статуата била сместена во едната просторија со апсидална форма на објектот, што исто така бил значаен дел од објектот.
Археолозите имаат претпоставки за наодот, но ќе ги соопштат по деталната анализа. Стручни лица од Музејот на град Скопје го посетиле локалитетот, ги разгледале деловите и тие ќе треба да се погрижат за превентивната заштита на остатоците. На Стоби изминатиот период се одвиваше и работилница на која освен македонски студенти, пристуствуваа и студенти до Палестина. Истражувањата на Римскиот форум на Стоби, како и оваа работилница, се финансирани од невладината организација "ЧИСС" од Палермо, Италија. |
|
| | |
|
|
|